image-preloader

За нас

Kürtőskalács, trdelnik, baumstriezel, chimney cake, оџак колач… Разни називи, единствен вкус. Совршен спој од крцкава надворешност и воздушеста внатрешност. Слатки конуси, солени цилиндри, големи, мали, полнети, празни - изборот е ваш. Наша е изработката на унгарските/чешките/трансилваниските печива според оригинален рецепт, добиен со обука во Kurtos Academy.

Квалитетот ни е силна страна, а купувачот да е задоволен - приоритет.

Во Crispy сте секогаш добродојдени.

Запознајте се со нашиот производ

Куртош колач е традиционално печиво во Унгарија. За Чесите е трделник. За свој го сметаат и Романците. Под разни називи го има речиси насекаде низ светот. Освојува уште при првиот залак. Можеби затоа меѓу унгарските благородници куртош колачот на трпезата се сметал за своевиден престиж. А, се раскажува и дека тоа бил омилениот колач на грофот Дракула.

Првиот познат запис во кој печиво се подготвува на ротирачки ражен, датира од средновековието. Некаде во 1450 година. Го има и во ракописот од Хајделберг. Во описот се споменува лента од нараснато тесто кое се мота во форма на спирала. Пред печење се премачкувал со жолчка од јајце.

А, пак, првиот познат рецепт на Kürtőskalács потекнува од Трансилванија. Се наоѓа во готвачот од 1784 година на грофицата Марија Микеш од Забола ('‘Kürtős kaláts’ à la Mrs. Poráni"). Но, во него нема засладување во текот на пoдготовката. Тоа се среќава во готвачот на Кристоф Симаи од 1795 година во Горна Угарска (денешна Словачка). Слично е и со тределникот од Шаколка, при што површината на колачот е покриена со сецкани ореви пред печење, а шеќер се додава по печењето.

Речиси еден век подоцна, во 1876 година, во Готвачот на тетка Рези (‘'Rézi néni Szakácskönyve'’) објавен во Сегед, се напоменува - колачот се попрскува со шеќер пред печење, а се пече додека не се создаде карамелизирана глазура.

Оттогаш наваму, сè друго е варијација на тема...

Сепак, едно е сигурно - куртош колач/трделник/чимни кејк... е неверојатно вкусно печиво!